„Земи шише вино“ значи сакам секс

„Земи шише вино“ е една од десетте најкористени реченици кои недвосмислено говорат дека вашата партнерка бара секс.
Со оваа порака таа јасно ви дава до знаење дека вечерва сака да ужива. Храната и пијалакот често се поврзуваат со добриот секс, а виното е познат афродизијак.
Еве што друго велат жените кога дефинитивно сакаат секс:

Многу ми недостасуваше

Ако поради склопот на околности не сте се виделе некое време, оваа реченица треба да ве потсети на сето она што го споделувате, вклучувајќи го и водењето љубов. На мажот што ја сака својата партнерка оваа реченица би требало да му звучи неодоливо секси.

 
Вечерва ти си на ред

Давањето и примањето се составен дел на секој стабилен и рамноправен однос, а секој понекогаш посакува да му се угодува. Таквото угодување во сексуална смисла, за поголемиот дел од мажите е на врвот на сексуалните желби.

big_thumb_031e7fad2409288292733bc3db273c86
Имам изненадување за тебе дома

ште од мали луѓето се навикнати на зборот „изненадување“ да реагираат со позитивно исчекување. Со таа порака жената сака да ви ги придвиѓи сексуалните мечти за предиграта да отпочне и неколку часа пред да се вратите дома.

 
Ми требаш

Желбата и потребата се основни човечки нагони кои во љубовните односи создаваат блискост и поврзаност. Со оваа изјава таа ви дава до знаење колку и’ значите во емотивна смисла, а колку повеќе има емоции толку сексот ќе биде пострасен.

 
Ти благодарам

Со оваа кратка реченица жената јасно ви дава до знаење дека ве почитува. Освен тоа, тоа може да значи дека сака да ви искаже благодарност во спалната соба.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *