Два нови златни медали медали за вината на „Тиквеш“

На годинешниот пролетен дел на најголемиот вински натпревар во Германија „Мундус Вини“, златни медали освоија црвеното „Александрија Куве“ од бербата 2016 и „Домен Лепово Гранд Куве“ од бербата 2015.
„Мундус Вини“ е еден од најважните светски вински натпревари, а годинава на пролетниот дел учествуваа над 6700 вина од 150 вински региони од целиот свет, кои беа оценувани од 270 интернационални вински експерти од 44 земји.
– Двата златни медала за нашите вината на првиот голем и престижен натпревар во годината, ни даваат за право да се надеваме дека и во 2018 година ќе го задржиме статусот на најнаградувана винарница во целиот регион. Истовремено, сакам да им честитам и на останатите македонски винарници кои исто така освоија високи признанија. Тоа е показател дека квалитетот на македонското вино во целина се зголемува и дека светот тоа го препознава, што е цел кон која ние постојано се стремиме и ја истакнуваме- изјави генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.
Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Вината на „Тиквеш“ неколку години по ред освојуваат над 50 награди, признанија и високи оцени од врвните светски вински критичари годишно.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *