За 8ми март подарете вино

Денес е Меѓународниот ден на жената. Денес би требало да празнува секоја жена – мајка, ќерка, девојка, професорка, колешка.
Факт е дека е убаво да подарувате по нешто на драгите жени во вашиот живот кога нема повод, но не значи да избегнете да подарите нешто кога навистина има повод за тоа.
Денес имате вистинска шанса да ги израдувате саканите личности од женскиот пол со симболичен подарок.

Што да одберете? Еве неколку предлози:

На врвот од оваа листа секако и секогаш е цвеќето. Ако веќе сакате да трае подолго, одлучете се за саксиска варијанта.
Веднаш после него, доаѓаат убаво спакувана книга, парфем или чоколадни бомбони.
Сепак, и годинава еден од најтрендовските подароци се убави чаши за вино, надополнети со шише вино кое ќе го дегустирате заедно.
На листата на подароци кои вообичаено се даруваат се и козметичка чанта (со купка, шампонче, стик и сл), чанта, секси долна облека, за оние слаткоречивите честитка во која ќе напишете нешто убаво и од срце, паричник…
Најважно од се, што и да подарите, подарете го со многу љубов!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *