Среќен роденден Петар Ангелов Диви

На Денот на нејзиното височество жената, на 8ми март, во низата постови посветени токму за нашите најдраги кои покрај виното, се нашата најголема инспирација, би сакале да му го честитаме роденденот на човекот кој од првиот ден од ова наше заедничко винско патување е составен дел од него.
Иако неговата поддршка не доаѓа ниту во вид на текст, ниту пак во вид на фотографија, туку во „дивите“ одбрани на ракометните терени ширум Европа, и во инспирацијата од сосема спротивното на неговиот карактер вино „Диви“ кое стана најбараниот колекционерски примерок на вљубениците во виното, чест и задоволство ни е што денешниот славеник, носителот на титулата европски клубски шампион во ракомет,  Петар Ангелов – Диви е дел од тимот на www.vinotika.mk.
За тебе сите епитети се премали, за тебе сите зборови се недостојни, за тебе и за она што го оставаш зад себе ќе се зборовува со векови. Среќен роденден голем човеку, среќен роденден Петар Диви Ангелов.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *