Денес и утре, дегустација на вина од винаријата Попова Кула

Денеска и утре, во ресторанот на винарската визба Попова Кула ќе можете ексклузивна можност да уживате во вината од локалните и регионалните сорти на грозје кои се произведуваат на плантажите на винаријата. Дегустацијата и винската тура официјално ќе биде отворена од 18 часот, а пред гостите за новите вина ќе зборува извршниот директор на винаријата, г-динот Јордан Трајков.
Со оваа промоција Ви овозможуваме дегустација на вина на:
• 1 чаша Жилавка 2016
• 1 чаша Станушина Розе 2015
• 1 чаша Станушина 2015
• 1 чаша Прокупец 2014
• 1 чаша Темјаника 2016
+ порција специјални сирења
За во недела пак, со почеток од 11 часот, за сите гости во хотелот ќе им биде овозможено да уживаат во прекрасната природа покрај реката Дошница и посета на црквата Св.Петка.

Направете резервација на време на:
076 432 630 reservation@popovakula.com.mk
076 432 640 aleksandra@popovakula.com.mk
075 432 600 lence@popovakula.com.mk
и уживајте во убавините на виното и природата.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *