Кинезите даваат два милиони шишиња вино за Иниеста

Кинески клуб покрај пари на фудбалерот на Барселона му нуди и вино со цел да потпише договор

Не се бираат средства во обид да се дојде до услугите на некој фудбалер. Кинескиот Тјанцин Кванџан го пикирал Андрес Иниеста од Барселона кој по завршување на сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб, а за неговите услуги нуди годишна плата од 35 милиони евра но и два милиони шишиња со вино. А виното е слабата точка на Иниеста. Тој е љубител на виното, а самиот има 120 хектари на винови лози и сопствена винарија.
Ќе видиме дали Иниеста ќе падна на искушението или ќе ја одбие оваа понуда.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *