„Вино-Скоп“ доби ново име

Со одлука на Советот на град Скопје, „Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ кој важи за еден од најдобрите вински фестивали во Македонија се преименува во „Вински фестивал“.
Покрај „Вино-Скоп“, нови имиња добија и проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“.
Градоначалникот Петре Шилегов изјави дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *