Фантинел, италијанската семејна приказна преточена во вино

Не штедејќи суперлативи за италијанското Fantinel Prosecco Extra Dry, бројните присутни кои синоќа имаа ретка можност во „Тирио бистро бар“ да го дегустираат еден од италијанските вински адути, не натераа да ја раскажеме приказната за винаријата Фантинел која се пишува од далечната 1969 година.
Еднаш, многу одамна имаше човек со блистава насмевка што толку многу ја сакал добрата храна и вино, што тие станале негова причина за живеење. Како сопственик на ресторан и хотелиер во северниот дел на Фриули, Парон Марио наскоро сфатил дека неговата мисија е да им даде на луѓето емоции со неговата посебна љубов кон виното, а за да го стори тоа целосно, мора да произведува вино со свои раце. Во 1969 година Парон Марио ги добива првите лозја во областа Колјо, и ја започнува својата голема авантура, во која се вклучиле и неговите синови Лучијано, Џанфранко и Лорис.

17990986_1429532833785411_8587629995489072177_n
Тројцата ги претворија учењата на својот татко во доблести, учејќи да ја допрат и почувствуваат почвата, да го следат времето и текот на годишните времиња, да го вкусат грозјето да видат тајната на нивното малку големо чудо. Во наредните години се зголемила сопственоста на семејството и се оствариле многу соништа. Оваа мала земјоделска компанија денес, со третата генерација претставена од Марко, Стефано и Мариелена, стана меѓународно престижна винарија, амбасадор на Фриулианската винарска уметност во светот. Но, потеклото не е заборавено, и уште повеќе, пламенот на страста е сè поживописен.

11163245_841839675888066_2503613806700711838_n
Бројните признанија и златни медали од најголемите светски вински саеми се потврда за квалитетот и уникатноста на вината од винаријата Фантинел, која го има и првиот италијански вински бренд за пенливо вино во Бразил.

18342093_1462498517155509_644318723159303727_n
На задоволство на сите уживатели во виното, вината на Фантинел може да се најдат и во подобро снабдените маркети во земјата, но и онлајн, а цените се прилично достапни за секој просечен македонец кој сака да ужива во италијанското вино. На пример, шише Fantinel Borgo Tesis Merlot, Fantinel Borgo Tesis Pinot Grigio или Fantinel Borgo Tesis Chardonnay ќе Ве чини само 485 денари, додека за уникатното Fantinel Roncaia Refosco ќе треба да одвоите 1440 денари.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *