Кожувчанка дел од најдобриот Фудбалски камп на Реал Мадрид

Кожувчанка ДОО се приклучува на најдобриот тим, на најдобриот фудбалски камп со тоа што ќе ја поддржи Реал Мадрид фондацијата, која во јуни месец ќе организира камп во Скопје.
Македонија од јуни ќе влезе во семејството на Реал Мадрид фондацијата како организатор на кампот „Campus Experience“. Компанијата „Спорт Арена“ доби можност да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience и денеска го претстави проектот на прес – конференција.
Кампот „Campus Experience“ кој ќе се одржи на терените на комплексот на ФФМ од 11 до 15 јуни, ќе ги запази сите стандарди во кои децата учесници се во фокусот на проектот, односно од него треба да излезат како добри луѓе и уште подобри фудбалери. За ова да се оствари, на кампот ќе работат исклучиво сертифицирани тренери од Реал Мадрид Фондацијата, спроведувајќи оригинални методи низ дневните тренинзи и натпревари, а на крај учесниците ќе добијат и официјални сертификати за учеството. Поради сето ова, овој фудбалски камп се смета за камп со најголема репутација во светот.
Согласно стандардите на Реал Мадрид Фондацијата, на секои 20 учесници ќе има по еден тренер. Дополнително, во рамки на едукацијата ќе учествуваат и други предавачи, како од Шпанија, така и од Македонија. Дел од планот се аниматори кои ќе го организираат слободното време на учесниците меѓу тренинзите.

2 (3)
Кампот ќе биде достапен за момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Плаќањата ќе бидат достапни на повеќе рати преку банкарски институции, а дополнително, партнерите на овој камп за секој учесник ќе обезбедат големи бенефити почнувајќи од оригиналната спортска опрема (комплет од дрес, шорцеви, штуцни, капа, ранец и фудбалска топка), како и голем број ваучери, повластици и попусти за секој пријавен на кампот од страна на спонзорите.
Цената за учество на овој камп, кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни оваа година изнесува 18.990 денари за акредитација која му овозможува 8-10 часа (во зависност од временските услови) присуство на кампот во текот на денот (односно без сместување) или акредитација на 24 часа (при што се додадени и услугите за сместување, исхрана и трансфер) за цена од 26.990 денари. Одреден е попуст за двајца или повеќе учесници од едно семејство, како и за учесници кои поседуваат членска карта на Реал Мадрид, членска карта на Мадридиста.
Ќе биде отворен и телефонски број (078-462-622) за информации и пријавување за сите заинтересирани. Пријавувањето ќе се врши на официјалниот веб сајт на Фондацијата Реал Мадрид www.campusexperiencermf.com или во канцеларијата на бул. Александар Македонски бр.23 лок.10, која ќе биде отворена секој ден од 10-17 часот. Последниот рок за пријавување е 25 мај 2018 година.
Кожувчанка ДОО со гордост е дел од овој тим, а воедно ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *