Овој викенд, дегустација на барикни вина во Попова Кула

По фантистичната минатонеделна промоција, винаријата Попова Кула за викендот кој ни претстои, Ви предлага уживање во најдобрите барикни вина зреени во дабови бочви. Во сабота, 17.03 и недела, 18.03 во ресторанот на винаријата ќе бидат промовирани барикни вина, кои се класика на совршенството со уникатен и ексклузивен идентитет, долготраен послевкус и продолжен потенцијал за зреење на виното.
На листата на вина кои ќе бидат предмет на дегустација се:

· Вранец Перфект Чоис 2014

· Каберне Совињон Перфект Чоис 2015

· Станушина Барик 2013

· Шардоне Барик 2016

а во цената од само 670 денари се вклучени и порција брускети.
Направете резервација на:

076 432 630, reservation@popovakula.com.mk

076 432 640, aleksandra@popovakula.com.mk

075 432 600, lence@popovakula.com.mk

и уживајте во врвното вино и природата на Демиркаписката клисура.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *