Тајната дружба на боемите во срцето на Кавадарци

Денови исполнети со пријателство, поезија, песна и долги разговори, се разбира, за неговото височество, виното… И тоа не е нешто неочекувано, кога во организација на тимот на vinotika.mk на иста маса ќе седнат истомисленици од цела Mакедонија, одбрано друштво, луѓе кои преку перото и медиумот му се поклонуваат токму на виното.
Мислата на големиот Иво Андриќ, „чудно е колку малку е потребно за среќа“, ја сваќавме по секоја голтка од најдобрите два бренда на нашиот партнер и пријател, винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, неодоливото фијано и моќниот фаворит, секако надополнето со вкусната трпеза каква што знаат само да ја подготват нашите стари пријатели, тиквешките кафанџии и угостители.

_DSC0021
На дружењето кое се случи на заминувањето на календарската зима ни донесе многу мигови за паметење, беа кажани бројни боемски мисли, на хартија измрсена по која едвај мастилото го остава својот белег беа напишани стихови кои носат животни пораки, беа евоцирани спомени за времиња минати, и подадени раце за остварување на заедничките идеи…
Воодушевени од гостопримството во Кавадарци, онаму каде што и тие, вистински македонски вљубеници во виното се почуствуваа свои, нашите истомисленици, драги гости, ни ветија нова средба за брзо време, на која ќе ги продолжиме разговорите кои не ни прекинаа, зацврнување на пријателството кое е посилно од братство, и непоштедно взаемно залагање за развојот на винската култура, како и стратегија за промоција и претставување на македонските вина пред светот.
Средбата оддржана далеку од очите над јавноста и зад затворени врати ветува дека наскоро ќе бидат широко отворени портите на македонската винска култура, а до тогаш, Кавадарци ќе ја памети таа песна на боемите до долго во ноќите…

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *