Вечер на македонските ширази во Бруклински

Овој четврток, 22 март, во Бруклински, Ве очекува уште едно винско дружење, овој пат со француската винска сорта Сира (Syrah) или Шираз (Shiraz).
Откривајќи ги аромите на македонските ширази, ќе имате ретка можност да се запознаете со потеклото и главните карактеристики на оваа сорта. Во пријатна атмосфера, лежерен џез и finger food, низ аромите на внимателно одбраните вина, ќе ве води Звонко Херцег – експерт за вино и жестоки пијалоци.
Овој пат, ќе се дегустираат
Syrah – Cabernet Sauvignon – Сковин Винарија/Skovin Winery
Stardust Syrah – Ezimit
Aura Private Reserve – Stobi Winery – Винарија Стоби
Dioniz Syrah – Dalvina Winery
Syrah – Brzanov Winery – Винарија Брзанов

Цената на дегустација е 500 денари од лице.

Резервирајте на време на 078 337 843 или 02 6091 844, и уживајте во вечерта на македонските ширази.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *