Дегустација на автохтоната „Станушина“ во Попова Кула

Третиот викенд по ред на вински дегустации во винарската визба Попова Кула ја носи можеби највозбудливата дегустација. Овој викенд, имате ексклузивна можност да уживате во вината на ВВ Попова Кула од автохтоната македонска сорта на грозје Станушина.
Дегустацијата и винската тура за сите гости е закажана за во сабота, 24 март, со почеток од 18:00 часот, а на листата на вина кои ќе се дегустираат се:
Станушина Розе
Станушина Класик
Станушина Барик
Станушина Бела
Цената по лице со вклучена порција специјални сирења изнесува само 600 денари.
За во недела пак, со почеток од 10 часот за сите гости во хотелот е предвидена прошетка во прекрасната природа на реката Дошница, во близина на селото Чифлик со локален водич.
(Недела).

Направете резервација на:
076 432 630, reservation@popovakula.com.mk
076 432 640, aleksandra@popovakula.com.mk
075 432 600, lence@popovakula.com.mk
и уживајте во убавините на животот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *