Големиот Карл Маркс ја нашол животната филозофија во виното

Низ историјата, големи личности се поклонувале пред неговото височество виното, а на таа листа е и големиот филозоф, Карл Маркс. Според кажувањата, виното имало голема улога во животот на Маркс, кој е роден во Трир на 5. мај пред 200 години. И самиот Маркс бил сопственик на лозје, а тоа му помогнало да ја согледа социјалната беда, а своите идеи да ги преточи во фантастичното дело „Капитал“.

Во неговите лозови насади во лозарскиот комплекс Гринхаус Херенберг во Мертесдорф кај Трир, кои сега се во сопственост на Максимин фон Шуберт поставена е пластична фигура на Карл Маркс, која сведочи за неговиот интерес во винарството. Лозјето, кое своевремено било нарекувано Фиртелсберг, речиси 30 години припаѓало на семејството Маркс.

43046618_303

Виното имало голема улога и во животот на филозофот Маркс, не само за пиење, зашто му ги отворило очите за социјалната беда на работниците. А тоа имало последици по целиот свет преку неговото дело „Капитал“, една од највлијателните книги во историјата на човештвото.

Во винскиот свет често се цитира и неговата голема мисла „Внимавајте кога му верувате на човек кој не пие вино“.

quote-be-careful-to-trust-a-person-who-does-not-like-wine-karl-marx-54-74-06

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *