Годинава, бојадисајте ги велигденските јајца со црвено вино

Сигурно сакате да имате уникатни велигденски јајца оваа година. Ако сте од оние кои сакаат да бидат посебни и креативни за Велигден тогаш купете оцет, црвено вино и јајца.

Чекор 1 – Измијте ги јајцата и оставете да се исушат.

Чекор 2 – Ставете ги јајцата во тенџере со вода и оцет да отсојат половина час. Така јајцата подобро ќе се бојадисаат.

Чекор 3 – Потоа истурете ја течност и полијте ги со темно црвено вино за да добијат посилна темнолилава боја ( препорачуваме Теран вино ), и оставете да се варат во виното 20тина минути.

Чекор 4- Откако ќе се сварат, нека отстојат една вечер во виното. Утре дента извадете ги и ставете ги да се исушат.

Резултатот ќе биде неверојатен. Убаво бојадисани јајца прекриени со кристали од шеќер. Едноставно и убаво, без многу мака.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *