Пријавете го Вашето учество во винскиот карневал сега

Со желба да се врати сјајот на стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“, која годинава ќе се оддржи на 7, 8 и 9 септември, општина Кавадарци започна со интензивни подготовки.
Верувајќи дека сите граѓани на Кавадарци можат и треба да со свој придонес да учествуваат во оваа манифестација, Општина Кавадарци објавува Јавен повик за пријавување за учество во еден од централните настани од секој гроздобер, винскиот карневал. Право на учество имаат сите лица кои сакаат да настапуваат во групни маски и да го збогатат Винскиот карневал со иновативни идеи во духот на виното и традицијата на Тиквешкиот Гроздобер.
Се што треба да направите за да го пријавите Вашето учество е да го потполнете формуларот кој можете да го превземете од следниот линк, и да го испратете на следната адреса: opshtina@kavadarci.gov.mk

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *