Три златни медали за вината на Тиквеш од престижниот „Вино Љубљана“

 

Вината на винарската визба „Тиквеш“ и годинава ги освојуваат најпрестижните награди на најголемите и најзначајните вински саеми, а последните три златни медали доаѓаат од Словенија, односно од меѓународниот вински натпревар со најдолга традиција во регионот – „Вино Љубљана“.
„Барово“ црвено 2015-та, „Александрија Куве“ црвено 2016-та и „Т’га за Југ“ 2016-та се вината кои ги импресионираа 40-те дегустатори од 22 земји, кои без премногу двоумење му ги доделија златните одличја на вината од кавадаречката винарија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *