Пет трикови како најлесно да ги отстраните дамките од вино

Независно од тоа дали го пиете најдоброто вино, кога ќе се истури и остави флека, мислите дека не може ништо да ве спаси.

На среќа има многу средства кои ќе ви помогнат да ја поправите грешката. Треба да се нагласи дека брзата реакција е многу важна (немојте да чекате да се исуши). Освен тоа, не постои официјален метод кој најдобро функционира, затоа погледнете ги нашите 5 трикови.

Водка

Наводно силни алкохолни пијалаци како водка, се силни против црвените вина, затоа што ги топат пигментните бои и така се спречува да се задржат на тепихот или други ткаенини.

Минерална вода

Минералната вода долго време беше на глас како најубаво средство за отстранување на дамките од вино, завртете од спротивната страна и впивајте со хартиени марамчиња.

wine-waiter_2838426b
Сјај за миење садови и хидроген пероксид

Натопете ја дамката со еднакво количество сјај и хидроген пероксид, а потоа обидете се да го впиете тоа со хартиени марамчиња.

Бело вино и сода бикарбона

Потопете ја дамката со бело вино, па истурете малку сода бикарбона. Малку почекајте.

Пена за бричење

Пената за бричење би требало да спречи да се залепи виното во ткаенина.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *