Во рамките на Синалко турнеата, германскиот велосипедист Пјер Бишоф во вторник доаѓа во Кавадарци

На овие простори, во тиквешкиот регион и нашето Кавадарци, уште од времињата минати на античка Македонија, кога во чест на богот на виното и виновата лоза биле одржувани Дионисовите денови, било повеќе од јасно дека на ова парче земја се секогаш добредојдени сите гости и добронамерници. По 4800 километри поминати на трката низ Америка во 2016, речиси двојно подолгата екстремна Транс-Сибирски тура во 2017, годинава, следен кој ќе пристигне во Кавадарци е големиот германски спортсмен, Пјер Бишоф кој во рамките на Синалко турнеата. во вторник ќе го посети градот на грозјето и виното.
На турнеата која започна во понеделникот, 15 мај од германскиот град Дуизбург, а ќе заврши на 23 мај во Солун, Бишоф ќе ги посети градовите во сите земји од централна и југоисточна Европа во кои се лоцирани производствените погони на компаниите соработници на германскиот бренд Синалко, кој е и главен покровител на сите активности за 2018 на германскиот екстремен спортист.

PierreBischoff_MWalther-31-1024x682
Според предвиденото Бишоф ќе пристигне во Македонија на 22 мај, а веќе истиот ден во попладневните часови ќе биде пречекан и од своите домаќини, компанијата Кожувчанка ДОО која е лиценциран производител на пијалоците од брендот Синалко. По прошетката низ компанијата, Бишоф ќе се упати кон црквата Света Петка, каде што ќе се сретне со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, членовите на здружението Тиквешки Точакџии и останати вљубеници во велосипедизмот, по што ќе следи заедничка велосипедска парада низ централното градско подрачје, која ќе заврши на градскиот плоштад.

tag3.arizona-am-tag-2-1000x650
Во чест на Бишоф на градскиот плоштад ќе биде организирана и посебна културно уметничка програма со настапи на локални диџеи, специјално декорирана сцена и организирана фан зона во која присутните ќе може да се дружат со Бишоф.
Сведоштво на вредностите на убавите луѓе и народот на нашето Кавадарци низ времињата се паметат по трагите во рељефот, мозаиците и бројните археолошки локалитети кои ќе ја раскажуваат приказната од двете тркала на светскиот патеписец и спортсмен Пјер Бишоф.

rbtse-stage13-bild-2-1024x650

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *