Пјер Бишоф утре пристигнува во Кавадарци

По Дуизбург, Дорнбирн, Нодерс, Мирна, Шабац, Сараево и Истог, односно 2100 поминати километри за 8 дена, германскиот екстремен велосипедист Пјер Бишоф утре пристигнува во Кавадарци, претпоследниот град од Синалко турнеата, која во среда ќе заврши во Солун.
Пред германскиот велосипедист утре се 300 километри пат од косовски Истог до Кавадарци, каде што ќе биде примен од страна на менаџерскиот тим на Кожувчанка ДОО, од првиот човек на градот, Митко Јанчев, здружението Тиквешки точакџии и останати вљубеници во велосипедизмот.

pierre-bischoff-4
Според предвиденото, Бишоф се очекува да пристигне во Кавадарци околку 16 часот, а прва на агендата е посетата на компанијата Кожувчанка ДОО, каде што ќе се запознае со целиот производствен процес. Потоа Бишоф ќе се упати кон црквата Света Петка, од каде заедно со членовите на здружението Тиквешки Точакџии ќе продефилираат низ централното градско подрачје, за да финишираат некаде околу 17 часот на градскиот плоштад каде ги очекува културно уметничка програма во чест на гостинот Бишоф.
Како партнер на германскиот бренд Синалко, компанијата Кожувчанка ДОО ги поканува сите граѓани на општина Кавадарци да бидат дел од забавата и да го покажат уште еднаш топлото кавадаречко гостопримство.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *