Фотографијата на Пјер Бишоф со македонското знаме го обиколи светот

Македонските убавини, кавадаречкото гостопримство, незаборавниот пречек, и велосипедската парада во која учествуваа повеќе од 300 велосипедисти очигледно оставија длабок траг кај германскиот екстремен спортист Пјер Бишоф.
Едно грешно свртување во Црна Гора му предизвика попатни проблеми, но и случајна можност да види поголем дел од македонските убавини, а по топлиот и срдечен пречек кој го организираше компанијата Кожувчанка ДОО во соработка со www.vinotika.mk и да се почуствува како со години да ги познава луѓето кои ги сретна по прв пат во својот живот. Секако, најдлабок траг остави сликата од стотици млади велосипедисти кои му се приклучија во велосипедската тура по кавадаречките улици.
Својата љубов и почит кон земјата во која го доживеа најубавиот пречек Бишоф ја покажа со фотографијата со македонското знаме, која беше споделена и на официјалната фејсбук страница на интернационалните брендови на Синалко.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *