Објавена целосната програма за Алшар 2018

Македонија е подготвена за новата Алшар авантура, која и годинава, освен централните настани, ќе донесе и голема забава во фестивалската кампинг зона,   лоцирана во живописното село Мрежичко.
Според официјалната програма која беше објавена денеска, годинашното издание на Алшар 2018 ќе започне во петок, 6 јуни, со пристигнувањето на првите учесници, за во 20 часот е закажан концертот на Културно уметничкото друштво „Тиквеш“, додека првата фестивалска вечер ќе ја затвори групата „Чардак“.
Саботниот ден е резервиран за моторите и теренските возила кои ќе продефилираат по малата и големата велосипедска тура, а по пладневната „сиеста“, ќе следи настап на диџеј Славе Келешовски, закажан за во 19 часот и 30 минути, од 21 часот ќе се прикажуваат Лакардиите на Паја, а во 22 и 30 ќе настапи кавадаречкиот рок состав Бадасал.

34344561_949245498582031_7501706801088299008_n
Последниот ден од манифестацијата повторно ги носи сите централни настани. По будењето со македонската химна и традиционалниот кавадаречки појадок со пишии, ќе следи официјалното отворање на фестивалот, кое е закажано за во 10 часот. Веднаш по отворањето ќе следи и стартот на големата велосипедска тура, половина час подоцна ќе започнат средната велосипедска тура и големата планинарска тура, а во 11 часот ќе стартува малата велосипедска и малата планинарска тура.

34385035_949245458582035_8628910286339833856_n
Пристигнувањето на учесниците во фестивалската зона се очекува по 14 часот, за кога е предвидена богата музичка и наградна програма за сите оние кои ќе ги купат своите Алшар пакети, а официјалниот крај ќе биде означен на третата Алшар авантура некаде околу 20 часот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *