Откријте ја тајната за постанокот на светот и допрете го сонцето

Иако, речиси и да нема Македонец кој не слушнал за рудникот Алшар на планината Кожув во близина на македонско – грчката граница и селото Мајден, до само пред две години овој локалитет, кој е единственото наоѓалиште на Талиум, беше полно со мистерија за најголемиот број од жителите на Република Македонија.

Lorandit3
Да се допре сонцето е предизвик за сите светски научници, но и на сите љубители на природата, велосипедизмот, планинарењето, рекреацијата…, а токму таа можност трета година по ред ни ја дава отворениот фестивал Алшар 2018.

alsar-rudnik
Организатор на настанот и годинава е здружението Тиквешки Точакџии, кое не само што го потврди високото ниво на организациски вештини, туку на сите гости кои во изминатите две години пристигнаа од цела Европа им го презентираше во целост топлото кавадаречко гостопримство, ја промовираше кавадаречката храна и ги покажа сите оние скриени убавини кои ги крие Кожув планина.
Нови тајни ќе откриваме и годинава, од 8 до 10 јуни, а во фестивалскиот и камперски круг лоциран во селото Мрежичко ќе ги споделуваме приказните кои ќе ни ја потврдат тајната сокриена од искона, која ја прави Македонија единствена.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *