АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ потпишаа меморандум за соработка

Директорот на АД „Гоце Делчев – Тиквеш“, Ристо Милев и директорот на средното општинско земјоделско и шумарско училиште, Ѓорче Петров, Горан Велковски, потпишаа меморандум за долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
На 40 годишнината од матурирањето во СОЗШУ „Ѓорче Петров“, директорот на најголемиот производител на грозје во Македонија, Ристо Милев го стави потписот на меморандумот според кој АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе се вклучи во заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер, во едукацијата преку ангажирање на стручни лица од практиката за реализација на учење преку работа, организација и реализација на практична работа, стипендирање и вработување на учениците кои имаат посебен афинитет кон лозарството и винарството.

SONY DSC
SONY DSC

Во својата изјава за медиумите, господинот Милев потенцираше дека му е драго што токму на 40 годишнината од неговото матурирање ја официјализира соработката со училиштето каде што и самиот тој ги изучувал тајните на винарството, и најави дека сите ученици кои ќе матурираат на земјоделските струки во училиштето, а имаат афинитети за работа, ќе бидат вработени во компанијата АД „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Јавна благодарност до компанијата АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ упати и директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Горан Велковски, кој меѓу другото рече дека потпишувањето на меморандумот со „Гоце Делчев – Тиквеш“ е само продолжение на соработката на училиштето со бизнис секторот, во насока на обезбедување на квалитетна настава, практична работа, но и вработување во истите по завршување на образовниот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *