Првиот ден во духот на македонските песни и ора. Денес, втор АлШар ден

Велат во планина, сонот е поубав, посладок, но и ти треба двојно помалку време за да се разбудиш свеж и наспан. Очигледно е така, затоа што по синоќашната, прва фестивалска вечер во камп зоната е веќе живо.

34779090_951727848333796_856528629008433152_n
Вечерта посветена на она што е наша, македонска, препознатлива песна и оро и годинава помина во знакот на фолклорниот ансамбл Тиквеш и групата Чардак, кои најавија дека и годинава ќе биде весело во фестивалската зона.

34811901_951532535019994_1496288690924683264_n
Во тек се последните подготовки и кординации пред стартот на вториот ден кој ни ги носи дефилето на моторите и теренските возила кои ќе продефилираат по малата, средната и големата велосипедска патека, а по пладневната „сиеста“, ќе следи настап на диџеј Славе Келешовски, закажан за во 19 часот и 30 минути, од 21 часот ќе се прикажуваат Лакардиите на Паја, а во 22 и 30 ќе настапи кавадаречкиот рок состав Бадасал.
Доволно причини и денес да се избега од градската гужва, и да се помине денот во Мрежичко, каде се живее еден поинаков, фестивалски Алшар живот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *