Актерите Зоран Љутков и Игор Ангелов дел од Алшар 2018

Приказната за Алшар е примамлива за сите, патеките на Кожув планина исто така, па не е ни чудно што секоја година на манифестацијата „Алшар – Допри го сонцето, дознај ја приказната за почетокот на светот“ имаме бројни познати ликови кои со своите велосипеди уживаат во се она што природата го дала.

Годинава, помеѓу бројните присутни најголемо внимание привлекоа актерите Зоран Љутков и Игор Ангелов. Двајцата актери чија слава рапидно порасна по нивните улоги во тв сериите „Фамилија Марковски“ и „Преспав“ на Алшар допатуваа по препорака и во друштво на Петар Ангелов – Диви, и неговиот голем пријател, Вангел Весевски, сопственик на модната линија за мажи со страс за животот, „Тивес“.

SONY DSC
SONY DSC

И двајцата актери беа презадоволни од се она што им го понуди средната стаза, потенцирајќи дека таа е една од најдобрите во земјата со оглед на тоа што се редовни учесници на повеќето тури од ваков вид во земјата.

Скромни и приземни, Љутков и Ангелов заедно со остатокот од учесниците го пробаа гравчето кое го подготвија домаќините, здружението Тиквешки Точакџии, кои пак им се заблагодарија за присуството и убавите зборови.

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *