Роналдо е како португалското вино

Репрезентацијата на Португалија по победата над Мароко (1-0) со една нога е во осминафиналето, а тренерот Фернандо Сантош е задоволен од играта и од изданието на Кристијано Роналдо кој со еден гол донесе значаен триумф, прв за селекцијата на Светското првенство.

„Играме на Светско првенство. Мароко е силен тим, исто како и сите други. Игравме добро во дефанзивата, но потребно ни е повеќе од тоа на следните мечеви. Мора да направиме промена и да ја држиме топката во наш посед. Што се однесува до Роналдо, тој е како португалското вино. Знае како да го покаже својот целосен капацитет и своите години на максимален начин. Константно расте, напредува и помага на другите играчи. Се познава себеси и знае што може да направи. Она што го прави сега, не го правеше пред три-четири години. И не го прави она што ќе го прави за неколку години“, изјави Сантош.

Португалците ги чека уште еден натпревар од групната фаза, против селекцијата на Иран. Покрај триумфот над Мароко (1-0), селекцијата има и реми против Шпанија (3-3).

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *