Какво вино да комбинирате со предјадење, главно јадење и десерт?

Нема човек кој не обожава чаша вино и вкусно јадење. Богатата трпеза е мотив за убави моменти со нашите најблиски, консумирање на вкусна храна и уживање во најдобрите вина од Македонија. Сигурно за здравствените придобивки од умерената консумација на вино веќе сте слушнале. Но, исто така сигурно ви се јавува дилема при служењето на вино, кое, што, како? Знаете ли како да изберете совршено вино за предјадење, главно јадење и десерт?
Бидејќи со различна храна одговара и различно вино, најдобро е секогаш при рака да имате бело и црвено вино. За да ви ја олесниме дилемата околу изборот на тоа кои вина најмногу одговараат со предјадење, главното јадење или пак со десерт, решивме да направиме едно мало истражување на таа тема.
Избор на бренд на вино
За посебните прилики сигурно сакате да го одберете најдоброто вино без притоа да го пречекорите вашиот буџет. Но, тоа не значи секогаш дека само скапото вино е добро вино. Можеби, поважно е само да го направите вистинскиот избор кој совршено ќе одговара со избраната храна.

_DSC0005
Избор на совршено вино за предјадење
Кај нас традиционално како предјадење се служат разни салати, ордевери и најразлични сирења. Иако, ви се чини дека посоодветно за оваа намена би било да изберете некој жесток пијалак, ќе се зачудите колку сорти на вино може да ги послужите како аперитив со предјадењето. Па така, виното Шардоне е совршено за таа намена бидејќи одговара и со зелени салати и со сирење. Може да изберете квалитетно Шардоне, кое има препознатлива златно-жолта боја, фин овошен мирис на тропско овошје и со балансирано полно тело. Најдобро е да се служи на температура од 10-12°C. За разлика од Шардонето, виното од сортата Мерлот може да го комбинирате со полнети печурки или пак со зрело сирење. Тоа е квалитетно суво црвено вино со рубин-црвена боја. Се одликува со арома на презреано грозје, мед и смеса на карамелизирани шумски плодови. Најдобро е да се служи на 16-18°C. Всушност изборот на вина е бесконечен, само вие треба да му се препуштите на овој божествен пијалак и сами да ја пронајдете совршената комбинација која на вас најмногу ќе ви се допадне.

14581425_1810173409204099_9075706449612656867_n

Избор на вино за со главно јадење
Секогаш кога правиме одлука какво вино да купиме, бело или црвено, треба да си ги поставиме следниве две прашања и одговорот ќе ни се наметне сам по себе.Каква храна ќе се служи на вечерата?
Какво вино најмногу сакаат да дегустираат гостите?
Меѓу народот е раширено верувањето дека црвените вина најмногу одговараат со црвено месо, како што се говедското и свинското. Додека пак белите вина, се служат со бело месо од живина. Иако, генерално можеме да се сложиме со ова тврдење, тоа не е секогаш така. Имено, има исклучоци кога црвеното вино одлично одговара и со бело месо. Можеби, тука многу поважно прашање е која сорта на црвено или пак која сорта на бело вино би ја послужиле. Па така добро е да се знае дека со бело месо, риба или пак морска храна, најдобро одговара да се послужат: Ризлинг, Мускат отонел или Шардоне.
Од друга страна, со црвено месо може да ги послужите: Вранец, Мерлот, Каберне совињон.

favorit
Иако овие комбинации се непогрешливи, најважно од се е и да се внимава на желбите и личните преференции на гостите кои ќе присуствуваат на вечерата, без разлика ако нивната желба отскокнува од вашата идеална замисла на комбинација на месо и вино.
Избор на вино за со десерт
Секогаш кога избирате вино кое ќе го служите со десерт, внимавајте на тоа да има сладок и софистициран вкус. Такви вина се Розе и Мускат Отонел кое покрај со десерти совршено одговара и со свежи салати и лесни јадења од зеленчук. Овие вина се препорачуваат за полесни десерти како што се пудинг, тирамису или пак пита од тиква, додека пак за потешки, чоколадни десерти, посоодветно е да изберете црвено вино. Исто така, е многу важна и самата чаша во која се служи виното кога се комбинира со десерт. Чашата за ваква намена е помала од вообичаените вински чаши, за да се стави акцентот на самиот десерт.

15673010_1848397708715002_7430953118688360925_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *