Овој четврток, дегустирајте „Розе на штикли“

Овој четврток, 5-ти јули од 20 часот па се до 30 минути по полноќ, винскиот бар и ресторан „Форца“ ќе биде главното место на забавата во македонската метропола. Дека животот не е црно-бел, туку има и нешто розе, ќе ве увери „Розе на штикли“ – најавениот и долгоочекуван настан, ивент каков што досега ретко му се случувал на Скопје.

Имено, се работи за винско-моден настан на кој освен дегустацијата на различни врсти розе вина од македонски и странски винарии по супермаркетска цена на чинење, посетителите ќе имаат можност да проследат уште неколку различни забавни перформанси.

Така, македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд ќе ги забавува посетителите со своите најголеми хитови, но и со дузина познати светски и регионални актуелни песни и евергрини. Пред и потоа, присутните ќе се журкаат со DJ Branchez и неговиот специјално подготвен ДЈ сет за таа прилика.

Покрај музичкиот дел за кој се подготвува специјална сцена со соодветно озвучување и осветлување, во „Форца“ ќе се случува и моден перформанс, на кој модниот дизајнер Моника Блажевска ќе ги изложи своите уникатни принт „БМ дизајн креации“, а во нив ќе продефилираат познати јавни личности.

Светски познатиот козметички бренд Орифлејм пак, преку своите машки модели ќе дели свои производи на присутните дами на настанот. Се разбира, претходно ТОЈ неа или пак ТАА него, ќе мора само за неколку секунди да го шармира, за да стане гратис добитничка на козметички производ.

И сето тоа исто така гратис, единствено во функција на добрата забава, зашто влезот на „Розе на штикли“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен! За да се уверите дека животот сепак не е само црно-бел, туку… има и нешто розе… и тоа на штикли!

Резервирајте на 078 445 068

или преку порака на фан страницата на Forza Wine Bar & Restaurant
https://www.facebook.com/ForzaWineBarRestaurant/

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *