АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ и официјално ја започна бербата на кардинал и супер ран афус али

Со откинување на првите гроздови од сортите кардинал и супер ран афус али, најголемиот производител на трпезно и винско грозје во Македонија, АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ денеска и официјално ја стартуваше бербата на трпезните сорти.
И покрај променливите временски услови, и годинава АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ на пазарот ќе понуди трпезно грозје со врвен квалитет, пред се благодарение на контролираниот процес на производство во сите негови сегменти и фази.

afus ali
„Иако временските услови и годинава не ни беа целосно во прилог, сепак и годинава имаме одличен квалитет кој ќе го понудиме на пазарот.“ – ни изјави Марјан Пендев, референт за продажба.
Во продолжение од разговорот, Пендев информираше дека и годинава најголемиот дел од трпезното грозје ќе заврши на српскиот пазар.

kardinal

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *