Фондацијата „Никола Јанчев“ ги додели првите 36 стипендии

Пет месеци по основањето, фондацијата „Никола Јанчев“ која е основана од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денес ги додели првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студенти.
По објавениот конкурс кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на триесет и шестте стипендии. Се работи за вкупно 36 редовни ученици и студенти од јавните и приватните основни и средни училишта како и факултети во Република Македонија, кои потекнуваат од Кавадарци.

DSC_0047
Директорката на фондацијата Јанинка Чупаркоска информираше дека почетниот буџет на фондацијата од 10.000 евра се дополнува секој месец со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања.

DSC_0041
Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.

DSC_0075
Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застаува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко, секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.

DSC_0066

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *