Кои се идеални температури за послужување на виното?

Општо земено послужувањето на виното е значајно најмногу поради фактот што правилно послужено вино придонесува за поголемо задоволство при неговото конзумирање.

Еден од основните предуслови за послужување на виното е неговата температура. Таа значително влијае врз мирисот и вкусот на виното. Големите црвени вина ако се престудени нема да ги развијат своите комплексни својства, а белите свежи вина стануваат здодевни и не се пивки на собна температура, поради прекумерното испраување на алкохолот кој ги покрива сите мириси и ги менува нивните карактеристики.

Не е едноставно да се одреди идеалната температура, бидејќи освен апсолутна вредност, има и корекциски фактори кои ја релативизираат идеалната температура за неколку степени погоре или подолу, тие се:

– надворешната температура, притисокот и влажноста на воздухот
– температурата на јадењето и видот на јадење
– телесната активност
– личните склоности
– Виното во чаша побргу се загрева, доколку се пие пребавно подобро е да се послужи неколку степени поладно од оптималната температура.

Општо земено белите вина секогаш се послужуваат разладени, додека црвените вина се послужуваат на собна температура доколку температурата во просторијата не надминува 20°C.

Препорачливи темпертаури за послужување се:

– Црвеното вино се служи на темепратура од 16°C до 18°C
– Бело вино се служи на темепратура од 12°C до 14°C
– Розе вино се служи на темепратура од 10°C до 12°C
– Пенливо вино се служи на темепратура од 8°C до 10°C

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *