Статистиката вели дека просечниот македонец пие по 2 литри вино годишно

Македонските граѓани на возраст над 18 години просечно во текот на годината испиле по 2,0 л. вино и 1 л. ракија. Ова е слаб просек во однос на комшиите Грци, Срби и Бугари каде просекот е барем двојно поголе, што значи дека Македонците спротивно на верувањата – не се многу по пиењето.
Прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со околу 16 проценти во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува околу 4 милиони евра, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со околу 13 отсто, и изнесува околу 3,3 милиони евра. Сумарно, за вино и ракија Македонците трошат околу 7 милиони евра годишно.
Производството на вино почнува да расне од 2011-2012 година кога изнесувалало 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектолитри вино во шишиња. Македонија, за жал, многу малку произведува врвни вина и ракија, цените на македонските вина кај нас на мало се движат од 4 до 10 евра по шише вино, а виното се извезува како категорија евтино и од втор квалитетавиен ранг.
Република Македонија извезува до 20.000.000 литри вино во шишиња во вредност од околу 20 милиони евра, или нешто над едно евро за шише вино при извоз, евра, и околу 100.000.000 литри наливно вино, во вредност од околу 40 милиони евра.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *