Во четврток и петок, Фестивал на староградска песна и вино во Битола

Битола, градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик, така, како што времето ја креирало својата сегашност, на начин, на кој што се создавала историјата. Старата битолска чаршија, било местото на еснафот на градот.
Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух на 09 ти и 10 ти Август ќе се одржи фестивал на Староградска музика и вино. Чаша добро вино и одлична стаградска музика, малку македонски шлагери ќе бидат дел од понудата со која ќе се враќа духот на битолската чаршија.
Настанот ќе се случи пред Монмартрот, кај чешмата во срцето на чаршијата и на него ќе настапат:

четврток 09.08.. Тони (Биоритам) & Акорди бенд, Мелос бенд, Икс бенд, Бојан Стојков, Марија Груевска, Папал.

петок 10.08: Група Екстраваганза, група Деспина, Билјана Дамјановска-Јанчевска, Диитар Андоновски, Борче Наумовски.

38512052_10211993520528793_5155586967257219072_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *