Вино, војна и пријатели, најважните елемнти во делата на големиот Хемингвеј

Во 1956 година, американскиот писател Ернест Хемингвеј преку писмо му кажува на својот издавач дека напишал пет нови раскази.
„Тие веројатно се многу досадни приказни, но некои се многу смешни, барем така мислам “, напиша тој. „Како и да е, можеш да ги објавиш кога сакаш, откако ќе умрам“.

Шест децении подоцна, токму тоа го прави и едно книжевно списание. Една од тие, долго време непознати приказни, „Соба кон градината”, се објавува за првпат во магазинот „Странд“ со дозвола од одговорните за наследството на Хемингвеј.

Напишано пред 62 години, краткото дело ги има сите елементи кои читателите ги сакаат кај Хемингвеј: војна, вино и машко другарство.
Во неговиот стакато стил, Хемингвеј ја почнува приказната во хотелот „Риц Париз“, каде што група војници, низ пијалок, разговараат за борби, поезија и љубов.

Фановите на Хемингвеј знаат дека дека голем дел од неговата работа, како „ За кого бијат камбаните“ е инспириран од војната. Неговиот роман, „Збогум на оружјето” доаѓа од искуството додека бил возач за брза помош за време на Првата светска војна, а Хемингвеј бил и дописник во Париз за време на Втората светска војна, кога е сместено дејството во „Соба кон градината”.

Во еден поговор, Кирк Карнат, професор и член на одборот на „Друштвото на Ернест Хемингвеј“, пишува дека, пред сè, расказот ја доловува важноста на Париз за Хемингвеј и светот.
Заедно со други документи од Хемингвеј, „Соба кон на градината” е сместена во Претседателската библиотека и музеј на Џон Ф. Кенеди во Бостон.

Како и „Соба кон градината”, неколку романи на Хемингвеј како исто така беа објавени постхумно, откако авторот се самоуби на 61- годишна возраст во 1961 година.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *