Викендов во Дојран се јадеше риба и пиеше вино

„На риба и вино во Дојран“. Ова е пораката што дојранчани ја упатија до гостите каде викендов се одржуваше Фестивалот на рибата и виното, преточено со музика. Риба на трска, риба на скара, пушен крап, специјалитети од линјак, црвеноперка, беа само дел од рецептите кои угостителите ги сметаат како адут за повеќе гости.

„Во Дојран рибата е најубава, спремена и највкусна е, нашето езеро е посебно погодно за риби“ – вели Танка Ајцева, угостител.

„Бидејќи самиот Дојран е познат по рибата, самото езеро е најбогато со риба во Европа, па нема дилема зошто да се проба и зошто да се дојде во Дојран на риба“ – рече Мите Јанев, угостител.

„Специјално доаѓаат и од Грција, и од Бугарија за риба во Дојран“ – вели Илинка Веселиновиќ, угостител

Кој пробал специјалитет од риба во Дојран повторно ќе се врати во ова туристичко место, коментираа гостите кои ги имаше и од земјава и странство.

„Пробавме и сега го нарачав вашиот специјалитет, риба на трска, сега ке го пробаме“ – вели посетител од Бугарија.

Дека Дорјан има одлични рецепти признаа и Влатко Стефановски, но и уметникот Влатко Лозаноски кој призна дека омилен му е дојранскито крап.

„Рибата е најдобра тука во Дојран, како помал крапчиња јадевме тука“ – изјави пејачот Влатко Лозаноски.

Деновиве речиси сите сместувачки капацитети во Дорјан се исполнети. Општинските власти веруваат дека и ова летна сезона ќе има околу 150.000 ноќевања.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *