По четврти пат, вино и џез со Четкар

Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар на 18 август (сабота) ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и џез“ во Охрид, во Хотел Филип. Четкар пред публиката ќе настапи со својот секстет.
„Ова е четврта година по ред како се одржува овој музички настан, каде што публиката ќе може да ја слушне мојата во авторската музика, ама и да вкуси некои од најдобрите македонски вина“, вели Четкар.
Билетите за концертот чинат 300 денари и веќе се во продажба. Концертот ќе почне во 21:00 часот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *