Пробајте лигњи со бело вино и кашкавал

Сите кои сакаат морска храна обожаваат лигњи, а сите кои сеуште немаат пробано, ова е совршен рецепт за да ги засакаат и лигњите и морската храна.
СОСТОЈКИ:
2 чешни лук
800 гр. лигњи
200 гр. кашкавал
50 мл. бело вино
магдонос
2 лажички вегета
2 лажички презла
50 мл. маслиново масло

ПОДГОТОВКА:
Се чистат лигњите, ако не сте купиле веќе исчистени.
Се ренда кашкавалот и се додава ситнет лук, презла, сол, вегета и магдонос.
Се полнат лигњите и се пржат на масло од двете страни.
Се става и вино па се крчкаат кратко и се сервираат.
На здравје!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *