Македонското вино и храна ги воодушеви гостите на ,,Агра 2018“ во Словенија

Прекрасно подготвена македонска храна и квалитетно македонско вино ги воодушеви гостите на Агра2018 во Словенија, каде неколку дена претстојува македонска дделегација предводена од Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

,,Македонија може да биде горда на земјоделските производи и вкусната храна кои ги има. Македонските прехранбени брендови се препознаени и почитувани во Европа и светот, а со членството во ЕУ тие ќе бидат уште поконкурентни. За мене е голема чест што добив благодарница за успешно претставување на Македонија како земја партнер на овогодинешниот саем. Се потрудивме и верувам дека ја претставивме нашата земја во најдобро светло“-вели министерот Николовски.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  е во посета на Република  Словенија, кадешто ја претставува Македонија како земја-партнер на еден од најголемите саеми за земјоделство и храна, АГРА 2018.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *