Кавадарци беше домаќин на фантастичен Тиквешки гроздобер

Три дена исполнети со многу настани, музика, забава, спорт и култура, залиени со многу вино, одлична оргнизација и рекорден број на гости го одбележаа годинашното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.
Меморијалниот турнир „Сестри Китеви“ ја најави гроздобеската, но и спортска програма која беше надополнета со ракометниот натпревар помеѓу ветераните на градскиот ракометен клуб „Тиквеш“ и македонските ракометни ветерани, турнирот во улична кошарка кој се оддржа на терените при спортскиот центар „Јасмин“, како и велосипедската и мото парада низ централното градско подрачје. Гроздоберот официјално започна со промоцијата на книгата „Буке“ на Душко Стефанов, а културната понуда беше дополнета и со изложбата на дела од депото на градскиот Музеј, како и промоцијата на фотомонографија под наслов „Ризница на ликовни дела“ од Весна Ѓорѓиева и Трајче Цветков во која се поместени 154 уметнички дела на 77 автори меѓу кои и на големите Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ана Темкова, Љубомир Белогаски, Никола Баснарков, Борко Лазевски, Теофил Шулајовски, Ружица и Јован Јосифовски, Петар Наневски, Владимир Темков…

41144520_588044854945201_1264536078153416704_n

41244099_588666024883084_5984086631102021632_n

41345274_588663561549997_1704901939755483136_n

41294304_588750484874638_7732769186845294592_n
По три години, забавата повторно се врати и во градскиот парк, односно на Спомен Костурницата каде свои настапи имаа Sandy Rivera, Mossel и локалната поддршка DJ Face, додека за љубителите на македонска староградска песна и гастрономијата беше резервиран паркот на Револуцијата, каде освен музика во живо во вечерните часови на видеобим се пренесуваа музичките случувања од централната бина на градскиот плоштад, но и место каде што традиционално се оддржува турнирот во табла кој и годинава предизвика огромно внимание.

41361752_589047474844939_3408185879431217152_n

41469774_588667958216224_3404932501834039296_n
По неколку години на слаби изданија, карневалската поворка која е белег на Тиквешкиот гроздобер повеќе од половина век годинава конечно доби позитивни оценки, пред се поради изобилието од прекрасно осмислени групни маски, од кои најголем дел во знакот на гроздоберот. Атрактивни и годинава беа олд тајмерите кои се вратија на гроздоберската програма, исто како и двете нови содржини, трката на келнери и коктелите од вино.

41347785_589188941497459_1091834060201787392_n

41463671_589199591496394_2565269668231118848_n
Освен за повеќе од 50000 посетители, гроздоберот и годинава беше атрактивен и за претставниците од јавниот, општествениот и политичкиот живот од државата, но и од збратимените градови, па во Кавадарци викендов престојуваа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, дел од дипломатскиот кор и претставници од Бољевац, Лесковац, Горни Милановац, Ковин Углевиќ, Фокшари Пантелеј, Птуј и гости од асоцијацијата на европски карневаски градови.

41402393_589199558163064_1145731097993150464_n
Секако, најголемо влијание и годинава предизвикаа настапите на македонските и балканските пеачи и групи, Слаткаристика, Криско, Љубојна, Џамбо Агушев, Некс Тајм и Цеца Ражнатовиќ.

41444444_589308341485519_3823621246881366016_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *