Промовирана книгата „Буке“ на Душко Стефанов

Бран од емоции, солзи, прегратки, насмевки со сила на цунами донесе промоцијата на третата книга на Душко Стефанов, збирката на вински мисли и мудрости „Буке“, со која во петокот, 7ми септември, на Денот на ослободувањето на Кавадарци и официјално беше означен стартот на годинешното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Се работи за исклучително дело составено од симболични 365 мисли создадени за потребите на порталот за вино и вино култура, www.vinotika.mk, кои освен што носат мудрост, во себе го кријат и родољубието кое кај Стефанов, кој е роднокраен издавач е толку многу изразено.

41325591_588044661611887_6306320963415834624_n

На самата промоција освен градоначалникот Митко Јанчев, пред присутните се обратија директорката на градската библиотека „Феткин“, Весна Гркова и Миле Белевски, кои зборуваа за авторот од аспект на родокраен писател, односно боем.

Свое обраќање полно со благодарност до сите оние кои го поддржаа неговото трето книжевно дело, меѓу кои винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“ и компанијата „Кожувчанка“ ДОО, но и со солзи за прерано изгубениот пријател и другар имаше и авторот Душко Стефанов, кој потоа одвои повеќе од еден час за потпишување на книгата која и самите сеуште не сме свесни какво значење има.

41144520_588044854945201_1264536078153416704_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *