Се враќа интересот за темјаниката

Се враќа интересот за старата и подзаборавена сорта грозје “темјаника”, за МИА информира Ѓорѓи Ајтов, раководител на неготинската подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
– Во тек е пријавувањето за субвенции по Националната програма за рурален развој. Се пријавуваат новоподигнати лозови и овошни насади и медоносна флора, како и купени нови грла за репродукција во сточарството. Под медоносна флора се мисли на багреми и грмушести еводија и фацелија, растенија кои цутат по четири месеци. Сите тие треба да се обезбедени со фактура, а државата субвенционира половина од инвестицијата направена од први јануари наваму, појасни Ајтов.
Тој нагласи дека освен што се враќа интересот за темјаниката, кога станува збор за подигнување нови лозови насади, најголем интерес има за засадување винови лози од сортите “вранец” и “смедеревка”.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *