Македонската „Станушина“ на Тера Мадре Салон дел Густо во Торино

Президиумите вино „Станушина“, слатко од диви смокви, буковска пипер и мед од македонската медоносна пчела ќе бидат изложени на 12. Меѓународен саем на Слоу Фуд: Тера Мадре Салон дел Густо во Торино, Италија.
– Нашата делегација брои 70 членови, а во неа, покрај производители има и универзитетски професори, готвачи, студенти, како и активисти и членови на Слоу фуд. Освен што ќе ги претставиме нашите президиуми, тука е секако и Алијансата на готвачи. Предвидено е шеф Зоран Мајновски да подготви Македонски ручек со тетовско гравче, праз, свинско месо, буковски пиперки и бело овчо сирење од президиумот Маворово – Река, вели за МИА претседателот на Националниот одбор на Слоу фуд Македонија Николче Николовски.
Тера Мадре Салон дел Густо се организира секои две години. Овојпат Слоу Фуд одлучи повторно најголем дел од активностите и изложувачите да ги лоцира на саемот Лингото, но и во музеите и кралските палати низ Торино.
Манифестацијата е формално поделена на пет тематски области: „слоу мит“, семиња, пчели, здравје и храна и „слоу фиш“. Тие се и програмски издвоени со конференции, дегустации, изложби и соовдетни готвења.
Младите, домородните народи и мигрантите, ќе бидат трите клучни теми, но ќе стане збор и и за ГМО, органско земјоделство, борба против отпад од храна, отпорност на антибиотици кај животните, земјоделството како решение за климатските промени, потребата од мали, но наративни етикети на производите кои би ја раскажале целата приказна од местото на потекло до тоа како е направен производот, заедничка политика на храна, скратување на синџирот на снабдување преку алтернативни модели на дистрибуција, одржлив рурален туризам, зачувување на нематријалните културни наследства

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *