Варено вино со мед и џин е хитот за оваа есен

Првите вистински есенски денови и наглиот пад на температурите се причина повеќе да ја отворите годинешната сезона на греано вино. Иако во минатото Ви „сервиравме“ повеќе рецепти за вкусно греано вино, овој пат Ви предлагаме виното да го подготвите со мед и џин.
Состојки:

750 милилитри вино
1 портокал
2 стапчиња цимет
неколку каранфилчиња
ѕвездест анис по желба (2-3 парчиња)
2 лажици мед
60 мл џин по желба.
Подготовка:
Во длабок сад ставете го претходно измиениот и на кругови исечен портокал. Додајте ги стапчињата цимет, ѕвездестиот анис по желба, медот и турете го виното. Загрејте го, но внимавајте да не зоврие зашто ако зоврие, алкохолот ќе испари. Варете го на тивка температура околу 15-20 минути. На крајот додајте го џинот и сервирајте. На здравје!

Препорака плус: Каранфичето можете да го набоцкате во кората од портокалот, за подоцна полесно да можете да го извадите, а освен тоа ќе изгледа и декоративно.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *