„Наше пиво – наша страст“ нова кампања на Кожувчанка за поддршка на колективниот спорт

Два денари од секој продаден литар „Македонско пиво“ компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци ќе донира за спортските клубови во градот. Денеска на прес конференција од менаџерите во компанијата беше претставена кампањата која ќе се спроведува само во Кавадарци во соработка со локалните маркети и Здружението на угостители.
Со овој проект се опфатени ГФК „Тиквеш“, ГРК „Тиквеш“ КК „Фени“ и навивачката група „Лозари исток“. Донацијата ќе биде по 30 отсто за спортските клубови и 10 отсто за навивачката група, образложи Александар Тренчев и додаде дека „Кожувчанка“ е прва компанија која започнува да реализира ваков проект за поддршка на спортот.
Раководителот на секторот за унапредување на продажба во „Кожувчанка“ Ратко Мицев, нагласи дека компанијата 23 години е општествено одговорна комапнија и го поддржува спортот.
„Наше пиво, наша страст“ е насловен проектот за поддршка на спортот во Кавадарци, а има за цел поддршка на колективниот спорт и подигнување на спортската свест.

20181004-84cf5c8131856321b69b368e41fb8e23
Маркетинг менаџерот на „Кожувчанка“ Митко Јовановски рече дека со овој проект ќе се покрене и свеста за донирање во спортот.
На прес конференцијата беше истакнато дека ракометниот и фудбалскиот клуб ќе добијат и брендирани плакати, а во наредниот период и брендирани карти за натпреварите. Потоа следеше потпишување на договори со претставниците на спортските клубови и навивачката група за реализација на целиот проект кој ќе трае до мај наредната година.
Ангел Данов

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *