Вечер на поезија и вино во режија на издавачката куќа „Ѓурѓа“

Издавачката куќа „Ѓурѓа“, Скопје,  организираше„Ноќ на поезија и вино” на која беше претставена стихозбирката „Платно од шепот” од Марко Виденовиќ, прв македонски интернет поет.

Промоцијата се оддржа во Македонската филхармонија. „Платно до шепот” е прва објава на Марко Виденовиќ, а тој, пак, е првиот македонски интернет поет чии стихови добија корици. Неговите први стихови осамнаа во лавиринтите на социјалната мрежа Фејсбук и успешно го пронајдоа патот до многубројни читатели кои ја препознаа искреноста на неговиот инспиративен поетски израз. Читањето на неговите стихови за многумина стана вистинска покривка и прегратка што на сите ни е потребна и во среќните и во тажните мигови на секојдневието. Тие се лечебни.

Тој е роден во Крушевац, Република Србија. Завршил средно музичко училиште во Битола, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот виола. Во моментов е вработен во Македонската филхармонија како прв виолист, а член е на Мјузик прогресив квартет и гудачкиот квартет Бревис.

Како член на повеќе ансамбли, свои настапи забележал во: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Чешка, Германија, Португалија, Америка, Русија, Италија, Германија, Канада и други.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *