Овој викенд, промоција на Прокупец од 2014та во „Попова Кула“

Идентично како и минатите години, винаријата „Попова Кула“ продолжува со промоцијата на своите вина во прекрасниот ресторански амбиент.
Овој викенд, 13 и 14 октомври ќе се дегустира Прокупец берба 2014 во комбинација со пршут во винарија.

Бидете и вие дел од промоцијата на ова елегантно црвено вино која вклучува
-1 Чаша Прокупец берба 2014
-порција димен пршут
-винска тура
по цена од само 200 денари по лице.
Прокупецот e вино од заборавена балканска сорта на грозје, кое во ваква форма не може да се сретне никаде на друго место. Попова Кула му посвети посебно внимание на ова вино со цел повторно да им го претстави на љубителите на вино. Ова вино претставува хармонија на боја, мирис и вкус. Се одликува со средно интензивна црвена боја со виолетови нијанси, a мирисните ароми се комбинација на боровинка, зрела вишна и цреша како и елегантно присуство на арома на даб. На вкус ова вино е лесно, хармонично и свежо. Сосема на крај останува вкусот на црвена цреша, рибизла, растителни зачини и лешник.
Попова Кула Ви нуди и предлог мени за ручек со Прокупец 2014
Примавера салата
Главно јадење –Свинско каре во бешамел сос во буковка и врган
Десерт – Торта од сирење (Cheese cake)
за само 650 денари.
Се разбира, Вашиот викенд ручек можете да го аранжирате и по сопствен избор од менито на винаријата.
Резервирајте на време на 076 432 630 или на e-mail: reservation@popovakula.com.mk

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *