Аргентина – винско ел дорадо

Аргентина е една од земјите што настапуваат жестоко на винскиот пазар. Со 200 илјади хектари под лозја таа е петтиот светски производител. Иако ја вбројуваат во земјите на новиот вински свет, Аргентина има историја долга пет векови и посебности кои другите ги немаат.
Аргентина и Чиле ги нарекуваат ветени вински земји. Дали се Андите тој клучен фактор за посебноста, но во нив се оди во потрага по чуда, како што на времето се одело по злато. Патот вреди, зашто таму навистина се случуваат мали вински чуда.

 

Аргентина под лозја има десет пати колку Македонија. Благодарејќи на исклучителната клима, огромните простори и трудољубивоста на лозарите и винарите, Аргентина ги има искористено и развиено извонредните енолошки можности. Тројството клима – почва – сорти ја прави препознатлива во светот и со особени респектибилни одлики.

cf_2010_00918_5d

Лозјата во Аргентина се протегаат и на височини од 2300 метри на падините на Коредиљерите. Тие се наводнуваат со истопениот снег од планините, но и климатските промени (лето-зима) им даваат на насадите ароматски развој и особена боја што е легитимацијата на аргентинските вина. Нивните сорти малбек и торонте се сметаат за исклучителни, подобри од каде било во светот.

 

Историјата на вината во оваа некогашна шпанска колонија, се разбира, доаѓа од Шпанците. Уште во 1557 година ќе стигнат првите лозници, кога започнува приказната. Но пионерите на винарството не биле мрзливи па вкрстувале со некои локални сорти што не им припаѓаат на познатите европски. Тука се добиени некои подобрувања кои се сметаат за интересни и важни. Веќе во 19 век има значајни насади што постојано се развиваат. Секако и подоцнежното доселување на Италијанците ја збогатило размислата за развој на винарството.

 

Аргентинците не само што произведуваат, тие и пијат многу вино – 45 литри по глава на жител што ги вбројува во значајните консуматори. Разбирливо, со оглед на познатата аргентинска кујна, која се базира на извонредно големи количества месо.

 

Но во Аргентина во почетоците, за да се задоволи побарувачката се одело на квантитет и малку внимание се обраќало на квалитетот. Нормално, тогаш кога консумирале преку 90 насто од сопствената продукција. Свеста за можноста од пробив во светот созрева во осумдесеттите, но уште повеќе во деведесеттите години на минатиот век. Извозот се развива мошне бргу. Аргентина покрај тоа што го има петтото место во светот, таа се разбира е и прва во Јужна Америка и покрај силната конкуренција на Чиле. Денес Аргентина произведува 12 милиони хектолитри вино или десетпати повеќе од Македонија во идеални услови. На ниво на извоз таа е 13 извозник во светот со близу 500 милиони долари вредност, но и со голема тенденција за понатамошен пораст.

 

За Аргентина велат дека има и поволност со тоа што нејзините лозја се главно на повисоко, со што тие се заштитени од голем број инсекти и габи и од други болести на лозјата. Според таа поволност, Аргентина е сосема посебна земја, зашто употребува малку или воопшто не употребува пестициди. Затоа аргентинските вина се сметаат за вина со висока биолошка вредност, што е адут за најновите барања на потрошувачите во светот. Се смета дека еко вино не може да постои, но аргентинските се најблиску до тој идеал.

hro_42-27136028

Рековме дека лозјата одат и до 2.500 метри надморска височина, но најголемиот дел се поставени на височини од 800 до 1.700 метри.

 

Покрај фамозната регија Мендоза, познати се и регионите на Сан Хуан, Салта, Ла Риоха и Патагонија. Мендоза е главна област што произведува 60 проценти од вкупната продукција. Но бидејќи Мендоза вината се и највредните во вкупната вредност на вината учествуваат со 85 проценти на ниво на целата земја.

 

Бели вина се прават од шардоне, торонтес, совињон блан, шенен и семијон. Сортата торонтес е мошне разгранета според регионите во кои се прави. Црвените се од сортите Малбек, темпранило бонарда и каберне совињон.

 

Според настапот во светот Аргентина секако ќе се искачува на вредносните скалила во светот на виното. Нивните настапи на светските изложби, саеми, натпревари се забележени и според интензивноста и според способноста постојано да нудат нешто посебно. Особеностите на некои сорти споредени со оние од Бордо, им даваат предност на аргентинските.

Vineyard_in_Mendoza_Argentina

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *