Во Широки Брег се произведува вино со фашистичка етикета

Винарија од Широки Брег, Босна и Херцеговина со години го продава виното „Поглавник“, што не било спорно ако не се знае дека на етикетата го има ликот на Анте Павелиќ, хрватскиот фашистички лидер од Втората светска војна.
Виното „Поглавник“, чие име ја означува титулата која ја носел Павелиќ во времето на НДХ, по примерот на Дуче во фашистичка Италија или Фирер од нацистичка Германија, се продава во ограничени количини, исклучително по пат на приватни порачки.
Божо Пињух кој е сопственик на винаријата „Златна капљица“ од Широки Брег, за медиумите изјавил дека виното го продава исклучиво во Хрватска, и да во текот на последните 15 години немал никакви проблеми, иако медиумите често пишувале за неговото вино.
Пињух нема никаков проблем ниту со законите во Босна и Херцеговина, каде употребата на фашистички симболи не е забранета со закон, а единствени кои имаат против се гостите во рестораните каде се служи ова контроверзно вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *