Македонија во исчекување на два значајни вински настани

Македонија, но и Балканот полека се подготвуваат за два значајни вински настани, прославата на Божуле Ново, кое се одбележува во третата недела од ноември, и третото издание на најголемиот вински настан во земјата, Винодонија.

 

Едно е јасно, и двата настани ќе привлечат бројни вљубеници во виното, ќе бидат промовирани нови вина, ќе бидат споделени илјадници коментари, но само неколку вина ќе останат во вниманието како што тоа му успеа на Фианото на Винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“.

 

Ако се знае дека Божуле Ново традиционално во целост ќе биде посветено на младото вино, винската јавност сеуште ја очекува програмата на Винодонија, која според се она што се случуваше изминатите години, оправдано предизвикува голема возбуда. А што се се случуваше на Винодонија 2017 ќе не потсети видеото од минатогодишното издание

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *